Дописници МКДОпштински вести

Пехчевскиот здравствен дом се соочува со проблем од недостиг на матични лекари

Пехчевскиот здравствен дом се соочува со проблем од недостиг на матични лекари. Во пехчевскиот здравствениот дом д-р „Иван Георгиев“ функционираат само двајца матични лекари, кои велат дека освен што се задолжени за здравјето на редовните пациенти, поради немањето ковид центар ги прегледуваат и пациентите со Ковид-19, што според нив создава дополнителна работа и зголемени мерки на претпазливост при прегледите.

Пехчево, 1 февруари 2021 (МИА) – Пехчевскиот здравствен дом се соочува со проблем од недостиг на матични лекари. Во пехчевскиот здравствениот дом д-р „Иван Георгиев“ функционираат само двајца матични лекари, кои велат дека освен што се задолжени за здравјето на редовните пациенти, поради немањето ковид центар ги прегледуваат и пациентите со Ковид-19, што според нив создава дополнителна работа и зголемени мерки на претпазливост при прегледите.
-Проблемите ни се исти како и на сите колеги во помалите и поголемите места, со таа разлика што пациентите мора да ги примиме прво ние, да ги прегледаме, па потоа да правиме консуктација во однос на Ковид-19, дали треба да бидат болнички сместени или не. Проблемите ги решаваме тековно, обврската ни е и имаме проблеми со телефонски јавувања и закажување на терапијата, бидејки во моментот треба да прегледаш пациент, да консултираш друг и на трет да му одговориш од кој период му почнува користењето на терапијата, вели матичниот лекар, д-р Весела Апровска.
Порано здравствената установа во Пехчево, функционирала со четворица матични лекари. Во меѓувреме еден лекар се пензионирал, додека една лекарка починала, поради што во моментот услуга на пациентите од Пехчево им пружаат само две матични лекарки.
-Можеби во иднина ќе имаме поддршка од уште една докторка, која планира да отвори ординација во здравствениот дом. Засега иако сме две матични лекарки, проблем би немале доколку ја немаше пандемијата, вака ни се зголемени обврските што се одразува на нашата работа и на пациентите, кои поради ова мора да почекаат, додека завршиме со останатите пациенти, додава Аспровска.
Во пехчевскиот здравствениот дом д-р „Иван Георгиев“, сите третмани и терапии испитувања во врска со Ковид-19 ги прават двете матични лекарки, кои потоа во консултација со ковид центарот во Кочани и со инфективното одделение во Штип, донесуваат одлука, кои пациенти треба да го продолжат лекувањето од Ковид-19 во болнички услови. вс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close