Дописници МКДОпштински вести

Пехчево доби готова техничка документација за подобрување на патната инфраструктура

Општина Пехчево се најде на листата од 35 општини, кои добија готова проектна документација за реконструкција на улици и патишта. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), преку Министерството за финансии, а со поддршка на Светска банка како што информираа од локалната самоуправа во Пехчево, ќе се реконструираат улици во должина од три километри.

Пехчево, 17 јануари 2020 (МИА) – Општина Пехчево се најде на листата од 35 општини, кои добија готова проектна документација за реконструкција на улици и патишта. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), преку Министерството за финансии, а со поддршка на Светска банка како што информираа од локалната самоуправа во Пехчево, ќе се реконструираат улици во должина од три километри.

– Деновиве потпишавме договор за готова проектна документација на проект за реконструкција и рехабилитација на улици во должина од три километри. Со реализацијата на овој вид проекти очекуваме да се подобрат општинските услуги кои се пружаат на граѓаните, истакнаа од ЕЛС Пехчево.
Овој проект е од особена важност и за градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.
– Реконструкцијата на тие улици е од исклучително значење за сите граѓани, со чија реализација ќе добиеме подобри општински услуги кои ќе ги подобрат условите за живот во нашата општина, додаде Тренчовски.
Освен Пехчево меѓу општини од регионот кои потпишаа договори во Министерството за финансии за грантови од Светска банка се најдоа и општините Виница и Берово.
Во рамки на проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), што со Светска банка се реализира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбедени се грант средства од 1,1 милион евра, како техничка помош за вкупно 35 општини. вс/нд/

Back to top button
Close
Close