СветСвет.Портал

Педерсен: Терористички групи и натаму присутни во Идлиб

Терористички групи, меѓу кои и Хајат Тахрир ал-Шам, остануваат и натаму присутни во сирискиот регион Идлиб, изјави денеска специјалниот претставник на Обединетите нации во Сирија, Геир Педерсен, на седницата на Советот за безбедност.

Њујорк, 19 февруари 2020 (МИА) – Терористички групи, меѓу кои и Хајат Тахрир ал-Шам, остануваат и натаму присутни во сирискиот регион Идлиб, изјави денеска специјалниот претставник на Обединетите нации во Сирија, Геир Педерсен, на седницата на Советот за безбедност.

– Резолуциите како 2253 и 2254 бараат од земјите-членки да ги спречат терористичките активности што ги презедоа овие групи и да ги искоренат безбедносните засолништа што ги имаат воспоставено, рече Педерсен, кој на седницата се вклучи преку видео-врска од Женева.

Педерсен додаде дека „воените операции на сите страни, вклучително и акциите на одредени терористички групи, како и оние против нив, мора да ги почитуваат правилата и обврските на меѓународното хуманитарно право, кои вклучуваат заштита на цивили и цивилни објекти“. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close