Дописници МКДОпштински вести

Печуркарите од Пијанец подготвено го дочекаа големиот наплив на вргањ

Печуркарите од Пијанечкиот регион подготвено го дочекаа големиот наплив на печурки, кои масовно никнуваа по шумските предели по обилниот дожд кој во комбинација со сонцето придонесе повторно печуркатите да бидат во можност да го збогатат семејниот буџет. Пред откупниот центар на делчевецот Трајчо Гоцевски попладневниот дел од денот е секогаш период кога може да се забележат голем број на возила чии сопственици чекаа ред да ги продадат свежите печурки кои наѕираа од приколките на автомобилите.

Делчево, 18 јуни 2021 (МИА) – Печуркарите од Пијанечкиот регион подготвено го дочекаа големиот наплив на печурки, кои масовно никнуваа по шумските предели по обилниот дожд кој во комбинација со сонцето придонесе повторно печуркатите да бидат во можност да го збогатат семејниот буџет. Пред откупниот центар на делчевецот Трајчо Гоцевски попладневниот дел од денот е секогаш период кога може да се забележат голем број на возила чии сопственици чекаа ред да ги продадат свежите печурки кои наѕираа од приколките на автомобилите.

-Во моментот како што гледате имаме дпста граѓани кои носат печурка за откуп. Традиционално имаме вргањ, кој е застапен на нашето подрачје, потоа лисичарка и јајчарка. Сега во моментот работиме на мерење на вргањ, дечкото кој сега ја донесе количината е среќен и презадоволен, вели Гоцевски.
Цената според Гоцевски, е се уште солидна и доволно примамлива за луѓето масовно да ги бараат печурките кои според него ќе ги има во доволни количини и во наредната недела.
-Моменталната цена на вргањот е 120 денари за килограм за прва класа и 70 денари за второкласни печурки. Има дожд и се очекува сезоната да продолжи уште некој ден, додава откупувачот на печурки.
Печуркарите кои беа видно изморени од денешниот за нив успешен ден само додадоа дека освен за продажба секогаш оставаат дел од печурките кои често ги приготвуваат како закуска со пријателите.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close