Дописници МКДОпштински вести

Печалбарите купија метларка за подобра хигиена во родното Чајле 

Печалбарите и иселениците од гостиварското село Чајле со последната акција за помош на родниот крај набавија машина за чистење на улици. Метларката деновиве пристигна во селото и веќе е ставена во употреба. 

Гостивар, 20 мај 2020 (МИА) – Печалбарите и иселениците од гостиварското село Чајле со последната акција за помош на родниот крај набавија машина за чистење на улици. Метларката деновиве пристигна во селото и веќе е ставена во употреба.

Првиот човек на месната заедница Чајле, Синан Елези искажа благодарност до соселаните во странство, кои како што рече водат сметка за родното место.

– Ова е мултифункционална машина, која со приклучните уреди може да мие и мете. Со неа ќе ја одржуваме хигиената низ селото на повисоко ниво. Планираме да ја користиме според потребите и на овој начин ќе бидеме помалку зависни од комуналните служби, рече Синани.

Вредноста на машината со сите давачки достигнала 12 илјади швајцарски франци, а парите ги собра Фондацијата на печалбари со седиште во Швајцарија.

Според Синани, од Фондацијата најавиле дека деновиве треба да заврши и новата акција. Во план е да се соберат пари и да се набават едно комбе – фургон и еден багер за потребите на селото.

Печалбарите изминативе денови, во неколку наврати ги помагаа соселаните и испратија пари за хуманитарни активности. згм/сп/

Back to top button
Close
Close