0_Web_АктуелноДописници СветМКДПолитика

Пецас: Очекуваме да продолжиме со добра соработка со новата Влада на Северна Македонија

Очекуваме да продолжиме со добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од регионот, рече портпарлот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на очекувањата од Грција од новата македонска Влада.

Атина, 20 август 2020 (МИА) – Очекуваме да продолжиме со добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од регионот, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на очекувањата од Грција од новата македонска Влада, со оглед на тоа дека е веќе познат нејзиниот состав.

-Очекуваме да продолжиме со една добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а според тоа и на Северна Македонија што е во интерес на народите на двете земји и на земјите од поширокиот регион, рече Пецас. ср/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close