БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Пецас: Лажна вест е видеото за смрт на бегалец на грчко – турската граница

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, реагираше, по вестите во турските медиуми и објавеното видео дека наводно во инцидентите на Еврос е грчките полицајци, убиле бегалец од Сирија, коментирајќи дека станува збор за лажна вест и лажна турска пропаганда, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 2 март 2020 (МИА) – Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, реагираше, по вестите во турските медиуми и објавеното видео дека наводно во инцидентите на Еврос е грчките полицајци, убиле бегалец од Сирија, коментирајќи дека станува збор за лажна вест и лажна турска пропаганда, јави дописничката на МИА од Атина.

-Видеото што покажува смрт на грчко – турската граница е лажна вест. Ги повикуваме сите да бидат внимателни кога пренесуваат вести што ја помагаат турската пропаганда. #fakenews #fakeTurkishPropaganda, напиша Пецас на „Твитер“.

Дел од турските медиуми, пишуваат дека бегалец од Сирија, објавувајќи го и неговото име, бил застрелан во пределот на вратот од грчки војници и им подлегнал да повредите.

Според медиумите во Грција, веста за убиството била објавена и од Ројтерс. ср/

Back to top button
Close
Close