БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Пецас: Лажна вест е дека имало пукање од грчките гранични сили врз мигрантите

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, преку неговиот официјален „Твитер“ профил демантираше дека имало пукање на грчко – турската граница, тврдејќи дека станува збор за лажни вести, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 3 март 2020 (МИА) – Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, преку неговиот официјален „Твитер“ профил демантираше дека имало пукање на грчко – турската граница, тврдејќи дека станува збор за лажни вести, јави дописничката на МИА од Атина.

-Никакви истрели не беа испукани од грчките гранични сили кон поединци, кои се обидуваат да влезат нелегално во Грција. Спротивното, не е ништо повеќе од грубо и смислено дезинформирање: Fake news. #fakenews #fakeTurkishPropaganda, напиша Пецас на „Твитер“.

Според медиумите во Грција, ставот на портпаролот на грчката Влада доаѓа како одговор на тврдењата на претседателот на Турција. ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close