БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Пецас: Целосно сме подготвени да ги примиме туристите

Од 1 јули се отвораат сите аеродроми во земјата за летови од странство и целосно сме подготвени да ги примиме посетителите. Бараме поголем дел од јасно помалата пита и испраќаме порака за пријатно лето во безбедна земја, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 22 јуни 2020 (МИА) – Од 1 јули се отвораат сите аеродроми во земјата за летови од странство и целосно сме подготвени да ги примиме посетителите. Бараме поголем дел од јасно помалата пита и испраќаме порака за пријатно лето во безбедна земја, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас објасни дека здравствените служби и цивилната заштита ги преземаат сите неопходни мерки за безбедност и заштита на здравјето на вработените во туристичкиот сектор, на жителите на туристичките дестинации, како и на туристите и истакна дека за „нема отстапки за прашањата што се однесуваат на јавното здравје и човечкиот живот“.

Во однос на зголемениот број случаи на Ковид-19 во одредени делови на Грција, каде што се појавија жаришта, портпаролот на грчката Влада објасни дека тие се подготвени брзо да реагираат на локално ниво, онаму каде што е потребно.

-Доколку е потребно, решително и брзо ќе интервенираме за да избегнеме ширење во општеството. Со иста внимателност ќе бидеме и за можните увезени случаи од летови од странство. Целта е брзо да се изолираат таков вид случаи, без разлика дали доаѓаат од надвор или се однесуваат на локални жаришта, за да избегнеме ширење во општеството, рече Пецас. ср/ссм/

Back to top button
Close
Close