0_Магазин.ПорталСцена

Пејачот на Рамштајн, Линдеман, е негативен на новиот коронавирус

Фронтменот на германската група Рaмштајн (Rammstein), Тил Линдеман, не е заразен со новиот коронавирус, соопшти синоќа бендот на Фејсбук

Берлин, 28 март 2020 (МИА) – Фронтменот на германската група Рaмштајн (Rammstein), Тил Линдеман, не е заразен со новиот коронавирус, соопшти синоќа бендот на Фејсбук.

Германскиот дневен весник Билд вчера објави дека Линдеман е заразен со Ковид-19.

Но, според бендот, Линдеман вчера по совет од лекарите бил хоспитализиран.

– Тој ја помина ноќта на интензивна нега, но е отпуштен оттаму откако се почувствува подобро. Тил е тестиран на коронавирусот и резултатите се негативни, соопшти Рамштајн. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close