0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Пау Гасол е избран во Комисијата за спортисти на МОК

Центарот на Шпанија, Пау Гасол стана еден од четворицата нови членови на Комисијата за спортисти на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), се вели на официјалната веб-страница на Игрите.

Токио, 4 август 2021 (МИА) – Центарот на Шпанија, Пау Гасол стана еден од четворицата нови членови на Комисијата за спортисти на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), се вели на официјалната веб-страница на Игрите.

Заедно со Газол, во комисијата беа избрани полската велосипедистка Маја Влошчовска, италијанската пливачка Федерика Пелегрини и јапонскиот мечувалец Јуки Ота.

Гасол е петкратен учесник на Олимпијадите, сребрен медалист во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, бронзен медалист во Рио 2016, светски шампион во 2006 година и трикратен европски шампион.

Шпанецот објави крај на своите настапи за националниот тим, откако неговата репрезентација вчера беше поразена од САД (81:95) во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close