0_Спорт.ПорталФудбал

Пато и Балотели можат да станат играчи на Бешикташ

Турскиот фудбалски клуб Бешикташ преговара со напаѓачите Александре Пато и Марио Балотели.

Истанбул, 5 октомври 2020 (МИА) – Турскиот фудбалски клуб Бешикташ преговара со напаѓачите Александре Пато и Марио Балотели.

Услугите на Пато кон клубот од Истанбул ги понудија неговите агенти, додека Балотели продолжи со преговорите што започнаа порано, објави на Твитер новинарот Николо Скира.

Во моментов, 30-годишниот Балотели е играч на Бреша, но клубот јасно стави до знаење дека напаѓачот повеќе нема да игра за овој тим.

Што се однесува до 31-годишниот Пато, тој е во статус на слободен агент откако го напушти Сао Паоло во август. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close