Дописници МКДОпштински вести

Патната инфраструктура во селото Лешница доби нов асфалт

Откако пред извесен период беше извршено крпење на патот од селото Грешница до селото Лешница, при што на сите оштетени делови беше поставен нов слој на асфалт, деновиве  патната инфраструктура во Лешница доби целосно нов асфалт, со што им го олесни животот на жителите од ова село.

Кичево, 18 јуни 2021 (МИА) – Откако пред извесен период беше извршено крпење на патот од селото Грешница до селото Лешница, при што на сите оштетени делови беше поставен нов слој на асфалт, деновиве  патната инфраструктура во Лешница доби целосно нов асфалт, со што им го олесни животот на жителите од ова село.

-Желбата на жителите од село Лешница да имаат патна инфраструктура каква што доликува на една урбана заедница во 21 век конечно им се оствари, откако изминативе два-три дена беше поставен нов слој на асфалт на целата патна инфраструктура во селото, рече Емин Емини, од месна заедница с.Лешница.

Новиот слој на асфалт е со широчина на лентата од 3 метри а средствата за овој зафат ги обезбеди Општина Кичево.

-Повеќе нема потреба во есенско-зимските и дождливи периоди да се грижиме дали ќе треба да понесеме со нас и гумени чизми или соодветни обувки, за да се движиме по селските патишта. Современата инфраструктура и повеќето модерни куќи во селото прават единствена  хармонична  целина, додаде Емини.

Тој посочи дека новосоздадените услови во селото ќе придонесат повеќето соселани да ги обноват старите куќи или да изградат нови домови.Со решавањето со проблемот со вода за пиење и сега со современата патна инфраструктура во селото, Лешница се претвора во привлечно место за престој и прошетки за од поодамна отселените лешничани.за/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close