Дописници МКДОпштински вести

Патиштата и улиците во Општина Новаци проодни

Патиштата и улиците во сите населени места на Општина Новаци се проодни, соопштија од локална самоуправа.

Новаци, 5 февруари 2020 (МИА) – Патиштата и улиците во сите населени места на Општина Новаци се проодни, соопштија од локална самоуправа.

Чистењето на улиците го изврши ЈКП „Комунална Хигиена“-Новаци чии екипи се задолжени за зимско одржување на локалните патишта и улици на територија на општината.

-Екипите се мобилни и постојано на терен, се интервенира без прекин посебно во селата од Мариовскиот крај каде има и поголеми снежни наноси. Сите патишта се проодни, информираа од Општина Новаци. мт/ев/

 

Back to top button
Close
Close