0_Магазин.ПорталПатувања

„Пат на мелодијата“ во Јапонија

Целта е да се допре до свеста на возачите да ја почитуваат брзината. Имено, ако возачот сака да ја чуе правата мелодија, ќе мора да вози како што е пропишано - до 50 километри на час.

Токио, 4 декември 2019 (МИА) – Првиот автопат што свири во 1994 година во Данска го направија двајца уметници. Националниот центар за индустриски истражувања на јапонскиот остров Хокаидо го унапреди дизајнот и создаде т.н. „Пат на мелодијата“.

Притоа, тоновите се различни во зависност од брзината, а целта е да се допре до свеста на возачите да ја почитуваат брзината. Имено, ако возачот сака да ја чуе вистинската мелодија, ќе мора да вози како што е пропишано – до 50 километри на час.

Доколку брзината се зголеми, музиката се деформира, дисторзира и станува непријатна.

„Земјата на изгрејсонцето” на ист начин „оживеа” 33 делници ширум државата, но им даде пример и на други, па така, такви автопати сега има и во Калифорнија. си/

Таг
Back to top button
Close
Close