ЕвропаЕвропа.Портал

Партиите во Северна Ирска денеска ќе разговараат за обнова на владата

Водечките политички партии во Северна Ирска денеска ќе се состанат за да разговараат за тоа дали да ја обноват владата со седиште во Белфаст, која се распадна пред три години.

Лондон, 10 јануари 2020 (МИА) – Водечките политички партии во Северна Ирска денеска ќе се состанат за да разговараат за тоа дали да ја обноват владата со седиште во Белфаст, која се распадна пред три години.

Вкупно 1,8 милиони жители на земјата се без државна администрација откако се распадна владејачката коалиција во јануари 2017 година, поради заедничкиот проект за зелена енергија, по што расколот се прошири и на културни и политички теми што целосно ги оддалечија британските синдикати и ирските националисти.

По неколкудневни интензивни преговори, британската и ирската влада објавија предлог за заживување на Собранието на Северна Ирска и извршната власт.

Британскиот секретар за Северна Ирска, Џулијан Смит изјави дека политичките партии сè уште не се согласиле целосно, но оти тој побарал од претседателот на Парламентот да го придвижи законодавството со цел политичките партии да постигнат договор.

– Сега е време за одлука. Имавме три години да разговараме и сега конечно на маса има добар договор кој сите страни би можеле да го поддржат, рече Смит.

Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Конвеј поддржа прифаќање на договорот и истакна дека понудениот договор е полн со компромиси. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close