Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Парнас: Интересот на Трамп во Украина беше само за Бајден

Американско-украинскиот бизнисмен Лев Парнас, една од клучните фигури во шемата на претседателот Доналд Трамп за принуда на раководството на Украина да објави истрага за политички ривал, синоќа во експозе на „Ем-ес-ен-би-си“ изјави дека „претседателот знаел точно што се случува“ околу Украина.

Вашингтон, 16 јануари 2020 (МИА) – Американско-украинскиот бизнисмен Лев Парнас, една од клучните фигури во шемата на претседателот Доналд Трамп за принуда на раководството на Украина да објави истрага за политички ривал, синоќа во експозе на „Ем-ес-ен-би-си“ изјави дека „претседателот знаел точно што се случува“ околу Украина.

Парнас, кој всушност работел во својства на агент на Руди Џулијани, личниот адвокат на Трамп и на претседателот, даде увид во заговорот што тие го правале да го убедат раководството на Украина за истрага во политичка корист на Трамп.

Поради ова претседателот во декември беше отповикан од Конгресот.

Бизнисменот укажа дека како Трамп така и неговиот адвокат лажеле околу случајот со Украина и ја прикривале шемата.

-Претседателот точно знаеше што се случува. Тој ги знаеше моите потези, и тоа што го правев беше со одборување на Џулијани или претседателот, изјави Парнас во ексклузивно интервју со водителката Рејчел Медоус.

Парнас претходно предаде документи во Конгресот кои содржат рачно напишани забелешки, електронски пораки и телефонски разговори, и обезбедуваат нови детали за барањето на Трамп од Украина да отвори истрага за Џо Бајден, политички ривал, откако претседателот ја повлече воената помош за државата во висина од речиси 400 милиони долари.

Тој откри нови детали и за притискот на Џулијани врз поранешната амбасадорка на САД во Киев, Мари Јованович, антикорупционер.

Според Парнас, интересот на Трамп во Украина бил само за Бајден, никогаш за корупцијата во таа земја.

Го повтори тврдењето на Гордон Сондленд, амбасадор на САД во ЕУ, дека „сите биле запознати“ со шемата за изнуда од Украина на истрага во политичка корист на Трамп. Како потпретседателот Мајк Пенс, државниот обвинител Вилијам Бар, така и советникот Џон Болтон, кој си даде оставка пред да избие скандалот.

Болтон и Парнас, кој е во куќен притвор поради обвинение за незаконско финансирање на избирна кампања, соработуваат со законодавците, и ако бидат повикани од Сенатот, потврдија дека ќе сведочат на распитот за импичменот идната недела.

-Парнас и Џулијани го уништија тврдењето на Трамп за невиност, објави синоќа „Вашингтон пост“, во најава на експлозивни денови на распити и дискусии меѓу републиканците и демократите во Сенатот.

Последните бараат отстранување на претседателот од власт, обвинат за сторени незаконски дела злоупотреба на функцијата со повик до странска сила да се вмеша во изборите на САД и попречување на работата на Конгресот. кб/сд/

Back to top button
Close
Close