0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Парламентот на Перу отвори постапка за импичмент против претседателот Мартин Вискара

Вискара е обвинет дека побарал од неговите советници да лажат во паламентарна истрага, во случај  што се однесува на контроверзен договор со релативно непознат пејач, а чија вредност била 50.000 долари.

Лима, 12 септември 2020 (МИА) – Перуанскиот Парламент вчера изгласа почеток на процедурата за импичмент против претседателот Мартин Вискара поради „морна некомпетентност“, јави ДПА.

За почетокот на процедурата за импичмент гласаа 65 пратеници, 36 беа протрив, а 24 воздражани, јави весникот „Ел Комерсио“

Вискара е обвинет дека побарал од неговите советници да лажат во паламентарна истрага, во случај  што се однесува на контроверзен договор со релативно непознат пејач, а чија вредност била 50.000 долари.

Постапката на пратениците Вискара ја оцени како „заговор прорив демократијата“, додава ДПА

Тој сега има на располагање 10 дена да поднесе жалба и да ја докаже неговата невиност

Вискара кон средината на јуни ги смени премиерот и неколку други министри откако се зголеми бројот на случаи со коронавирус во земјата и економската криза ја намалија неговата популарност.

Вискара во оваа криза побара оддржување претседателски и парламентарни избори во април 2021 година. сд/

Back to top button
Close
Close