Општински вестиСкопје

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 357 возила

Паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 357 возила, според бројот на испратени СМС пораки.

Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – Паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 357 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопшти Град Скопје

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close