Општински вестиСкопје

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 205 возила

Според бројот на испратени смс-пораки, паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 205 возила, соопштија градските власти.

Скопје, 17 мај 2021 (МИА) – Според бројот на испратени смс-пораки, паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 205 возила, соопштија градските власти.

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Град Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. мд/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close