Општински вестиСкопје

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 169 возила

Во текот на изминатиот викенд паркингот на Водно го искористиле 169 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопштуваат од Град Скопје.

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Во текот на изминатиот викенд паркингот на Водно го искористиле 169 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопштуваат од Град Скопје.

Од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје потсетуваат дека зонското паркирање на паркиралиштата на Средно Водно е воведено како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно.

– Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира, информираат од Град Скопје.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.фф/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close