Општински вестиСкопје

Паркингот на Водно викендов го искористиле 427 возила

Паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 427 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопштија денеска од Градот Скопје.

Скопје, 26 април 2021 (МИА) – Паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 427 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопштија денеска од Градот Скопје.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари

На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Како што посочија градските власти, паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close