Општински вестиСкопје

Паркингот на Водно викендов го искористиле 235 возила

Во текот на викендот, паркингот на Водно го искористиле 235 возила, според бројот на испратени СМС пораки, информира Град Скопје.

Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Во текот на викендот, паркингот на Водно го искористиле 235 возила, според бројот на испратени СМС пораки, информира Град Скопје.

– Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час е 50 денари, соопшти Град Скопје.

Паркингот е бесплатен за лицата со хендикеп, како и туристички автобуси, а паркирање во зеленило се санкционира. ки/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close