Општински вестиСкопје

Паркингот на Водно викендот го искористиле 187 возила

Според бројот на испратени СМС пораки паркингот на Водно во текот на  викендот го искористиле 187 возила, информираат денеска од Град Скопје.

Скопје, 5 април 2021 (МИА) – Според бројот на испратени СМС пораки паркингот на Водно во текот на  викендот го искористиле 187 возила, информираат денеска од Град Скопје.

– Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари, се вели во соопштението од Град Скопје.

Во него се додава дека на паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.фф/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close