ЕвропаЕвропа.Портал

Париз воведе забрана за џогирање во текот на денот

Властите во Париз денеска донесоа уредба со која се забранува џогирање преку ден за да се намали контактот меѓу луѓето и да се спречи ширењето на коронавирусот.

Париз, 7 април 2020 (МИА) – Властите во Париз денеска донесоа уредба со која се забранува џогирање преку ден за да се намали контактот меѓу луѓето и да се спречи ширењето на коронавирусот.

Забраната ќе важи во периодот од 10 до 19 часот, пренесува Би-Би-Си.

Иако излегувањето е дозволено само под посебни услови, лекарите стравуваат дека голем број луѓе излегуваат преку ден и не се држат до предвидената дистанца.

Како што наведуват, луѓето излегуваат за да вежбаат, поради што е донесена забрана за џогирање. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close