ЕвропаЕвропа.Портал

Париз: Пронајдено безживотно тело на патник во авион кој слетал од Абиџан

Безживотно тело на „таен патник“ е пронајдено утринава во авион на „Ер Франс“ кој слетал на парискиот аеродром „Шарл де Гол-Роаси“, патувајќи од Брегот на слоновата коска, соопшти француската авиокомпанија.

Париз, 8 јануари 2019 (МИА) – Безживотно тело на „таен патник“ е пронајдено утринава во авион на „Ер Франс“ кој слетал на парискиот аеродром „Шарл де Гол-Роаси“, патувајќи од Брегот на слоновата коска, соопшти француската авиокомпанија.

Весникот „Фигаро“ пишува дека станува збор за десетгодишно дете, но „Ер Франс“ одби да ги коментира медиумските наводи и наведе дека истрагата е во тек.

Авиопревозникот изрази жалење и длабоко сочувство поради човечката трагедија.

Извор од канцеларијата на француското обвинителство истакна дека јавниот обвинител не е запознат со годините или идентитетот на „тајниот патник“. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close