0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Парични казни за 24 лица од Струмица за непочитување на полицискиот час

Струмичкото јавно обвинителство Струмица до Основниот суд во Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 24 лица поради стореното кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Струмичкото јавно обвинителство Струмица до Основниот суд во Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 24 лица поради стореното кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите за време на викендот, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата, со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, соопшти денеска Обвинителството.

За секој од обвинетите, Основното јавно обвинителство предложи судот да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 или 20 евра во денарска противвредност.​​бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close