0_Спорт.ПорталSport.SlajderОпштество

Параолимпијците и атлетите од Специјалната олимпијада на прием кај премиерот Заев

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска организира прием на олимпијците од спортските параолимпијади и специјални олимпијади на кои им беа доделени признанија за постигнатите резултати.

Скопје, 11 април 2019 (МИА) – Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска организира прием на олимпијците од спортските параолимпијади и специјални олимпијади на кои им беа доделени признанија за постигнатите резултати.

-Тие ја афирмираат нашата земја низ светот. Затоа покрај системската поддршка сакаме и симболички, преку благодарници, да им оддадеме признание на овие наши вистински амбасадори. Олимписките вредности како што се фер плејот, хармоничниот развој на телото и умот, определбата да се постигне најдоброто како разумна и здрава амбиција, помирувањето и заемното разбирање меѓу луѓето од различна боја, раса, религија и култура се вредности што преку спортот настојуваме да ги пренесеме и во нашето секојдневие. Спортот и духот на олимпизмот обединува, сплотува инспирира заедништво. Ова наша заедничка дружба спојува спортисти и олимпијци од различни генерации. И тоа е дел од нашите вредности на општество за сите, изјави Заев.

Премиерот најави уште поголема поддршка за нашите олимпијци учесници на Параолимпијадата и на Специјалната олимпијада, но и на талентираните млади спортисти.

-Ги поддржуваме сите активности на лицата со инвалидитет и на лицата со попреченост со цел за нивната интеграција во спортот и во секојдневието. Тоа даде резултат со освојување на многу медали. Нашиот најголем фокус ќе продолжи да бидат младинските категории кои преку поддршката што ја даваме ќе успееме да ги подобриме условите во спортот и со тоа да постигнеме до уште подобри резултати. Така ќе произлезат и нашите спортски надежи за учество и успеси на различни Олимписки игри. За таа цел АМС проектира посебна програма за следење и поддршка на младите и талентирани спортисти кои покажуваат олимписки потенцијал, рече Заев.

Заложбата на Владата за поддршка на лицата со попреченост, како и за младите спортисти ја потврди и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

-И натаму остануваме во насоката што е можно повеќе да ги поддржуваме нашите талентирани спортисти, но и секако лицата со инвалидитет и лицата со одредена попреченост, да учествуваат, да партиципираат. Само така ја праќаме вистинската порака на спортот, а тоа е дека спортот обединува, рече Каевски. зс/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close