ЕвропаЕвропа.Портал

Папата го осуди насилството врз жените

Папата Франциск за време на првата овогодишна миса, денеска го осуди насилството врз жените, со оценка дека таквото однесување е како богохулење.

Ватикан, 1 јануари 2020 (МИА) – Папата Франциск за време на првата овогодишна миса, денеска го осуди насилството врз жените, со оценка дека таквото однесување е како богохулење.

Според папата, „ако сакаме подобар свет во новата година, треба да ги третираме жените со достоинство“.

Тој додаде дека вклучувањето на жените во одлучувањето е клучно за постигнување помирно и обединето човештво.

Папата за време на мисата во базиликата Свети Петар, предупреди на тоа „колку пати женските тела се жртвуваат на профаниот олтар на реклами, профит и порнографија“.

Тој изрази жалење затоа што жените, како што рече, кои се „извори на животот“ постојано се навредуваат, тепаат, силуваат, се присилуваат на проституција или на абортус.

Папата Франциск ги поздрави жените како „донатори и посредници на мирот“ и ги повика целосно да се поврзат со донесување одлуки со цел светот да биде пообединет и поспокоен. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close