ЕвропаЕвропа.Портал

Папата ги откажа јавните настапи поради Ковид-19

Папата Франциск ги откажа сите јавни настапи со цел да избегне голем број луѓе поради епидемијата на новиот коронавирус.

Ватикан, 7 март 2020 (МИА) – Папата Франциск ги откажа сите јавни настапи со цел да избегне голем број луѓе поради епидемијата на новиот коронавирус.

Како што соопшти неговата служба, папата ќе им се обраќа на верниците преку Интернет.

Ватикан соопшти дека папата утре нема да им се обрати на верниците од прозорецот со поглед кон црквата „Свети Петар“, ниту во среда.

Ова е првпат 83-годишниот папа да ги откаже јавните настапи откако беше назначен на функцијата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close