Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Папата Франциск: Не ги затворајте пристаништата за мигрантите

Папата Франциск денеска изјави дека политичарите не треба да ги затвораат пристаништата за очајните мигранти, а неговата изјава следеше откако судот доби зелено светло да почне истрага против Матео Салвини, антиимигрантиски настроениот поранешен италијански министер за внатрешни работи.

Рим, 22 јануари 2020 (МИА) – Папата Франциск денеска изјави дека политичарите не треба да ги затвораат пристаништата за очајните мигранти, а неговата изјава следеше откако судот доби зелено светло да почне истрага против Матео Салвини, антиимигрантиски настроениот поранешен италијански министер за внатрешни работи.

 -Во целиот свет мигрантите и мигрантките се соочуваат со ризични патувања за да побегнат од насилството, војната и сиромаштијата, рече папата во текот на неделната аудиенција во Ватикан.

„Многу пати не им е дозволено да се истоварат во пристаништата….Ги експлоатираат криумчари. Некои политичари ги третираат како бројки и ги гледаат како закана“, рече изјави Франциск правејќи делумно отстапка од забелешките кои ги имал  подготвено.

Коментарите на папата, чија одбрана на мигрантите е една од клучните ставки во неговиот понтификат, пристигнуваат само два дена откако италијанскиот сенатски одбор донесе одлука што може да доведе до судење на Салвини заради наводно грабнување мигранти.

Во јули 2019 година Салвини, како министер за внатрешни работи, нареди 131 спасени мигранти да останат на бродот на отворено море кај Сицилија, што траеше шест дена, додека другите европски земји не се согласија да ги преземат.

Доколку биде прогласен за виновен, лидерот на крајно десничарската партија „Лига“, што во моментов е најпопуларната италијанска партија, може да добие и до 15 години затвор. Тоа ќе значи забрана за извршување политички функции, но и уривање на неговите амбиции да дојде до позиција иден премиер на Италија.

Салвини вчера кажа дека на евентуалното судење ќе се појави со „грената глава“. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close