СветСвет.Портал

Папата Франциск го осуди расизмот во САД, но и насилните протести

Папата Франциск денеска првпат се огласи по повод немирите во САД, порачувајќи дека никој не смее да „затвора очи пред расизмот“.

Ватикан, 3 јуни 2020 (МИА) – Папата Франциск денеска првпат се огласи по повод немирите во САД, порачувајќи дека никој не смее да „затвора очи пред расизмот“.

Тој, исто така, го осуди насилството како „самодеструктивно и самопоразувачко“.

Поглаварот на Римокатоличката црква со голема загриженост ги следи вознемирувачките социјални немири во САД во изминатите денови, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Папата се помоли за национално помирување и мир во САД. Тој оцени дека смртта на Џорџ Флојд е трагична, додавајќи дека се моли за него и за сите кои се убиени како резултат на „гревот на расизмот“. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close