0_Спорт.ПорталФудбал

ПАОК остана без седум бодови, титулата на дофат на Олимпијакос

ПАОК е казнет со одземање на седум бодови, како и Ксанти, бидејќи бизнисменот Иван Савидис бил сопственик на двата клуба. Одлуката ја донесе Фудбалскиот сојуз на Грција со што ПАОК практично останува без шампионска титула, до која многу блиску е Олимпијакос.

Атина, 5 март 2020 (МИА) – ПАОК е казнет со одземање на седум бодови, како и Ксанти, бидејќи бизнисменот Иван Савидис бил сопственик на двата клуба. Одлуката ја донесе Фудбалскиот сојуз на Грција со што ПАОК практично останува без шампионска титула, до која многу блиску е Олимпијакос.

Клубот од Солун има право на жалба која доколку биде отфрлена, речиси сигурно ќе значи дека Олимпијакос ќе биде нов првак во гркото фудбалско првенство со оглед на 12 бода предност што би ги имал по новонастанатата ситуација. сѓд/гт/

Back to top button
Close
Close