Политички партии

Панова: ВМРО – ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за Ковид-19 за сите граѓани

Скопје, 1 декември 2020

Почитувани,

И покрај сите енормни задолжувања кои остануваат како товар за отплаќање на нашите внуци, Министерството за здравство за 2021 година ќе има за 4,68% помал планиран Буџет во однос на оној од 2020 година.

Од она што го предлагаат премиерот во заминување Заев и министерот Филипче гледаме дека здравството ќе тоне и догодина, a луѓе и понатаму ќе умираат!

Од анализата на буџетот за здравство гледаме дека:

-Нема доволно пари за реконструкција на Јавните здравствени установи,

-Нема доволно пари за медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи,

-Нема доволно пари за нов клинички центар,

-Нема доволно пари за амбуланти во руралните пордачја,

-Нема доволно пари за потребите на Агенцијата за лекови,

-Нема доволно пари за вработување и едукација на лекари и медицински персонал,

-Нема доволно пари за здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните на Р.Македонија.

Морам да нагласам дека во буџетот на Заев и Филипче има пари за партиски вработувања, за непродуктивни трошоци како на пример за мебел по институциите, но не и за здравството.

Се чини дека Владата и во оваа криза ги гледа граѓаните единствено како единствени матични броеви, а не како живи луѓе!

До: Средства за јавно информирање

Предмет: Интегрален текст од изјава за медиуми – Ели Панова, пратеник на ВМРО-

ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Датум: 01.12.2020

Почитувани, предлагаме активност на дело!

Како пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ предложивме амандмани за КОВИД кризата и затоа БАРАМЕ:

Од нашиот данок, ќе повторам, ОД НАШИОТ ДАНОК, прифатете ги нашите амандмани, затоа што само живи луѓе можат да ја раздвижат економијата и нашиот фокус е да се спасат што е можно повеќе животи. За доброто на сите тргнете ја суетата, внимателно разгледајте ги и прифатете ги амандманите како што се на пример:

-амандманот за бесплатни КОВИД тестови за сите граѓани, и

-амандманот за 50 нови амбулантни возила,

Живееме во држава која е во првите 5 земји во Европа во заразени по глава на жител, а по смртност и многу пошироко. Со масовно тестирање ќе се помогне во намалување на бројката на новозаразени. Тоа значи дека ќе се спасат животи и ќе се намали смртноста. Веќе неколку европски земји го спроведоа тоа и се покажа како ефикасна метода. Воедно тоа многу ќе помогне и финансиски на граѓаните.

Во состојба кога 55.000 граѓани останаа без работа, кога пола милион живеат со по 2 евра на ден, ова е значајна помош.

Едно или две донирани комбиња не вршат работа, ова беше само крпење, затоа сметаме дека буџетски мора да се реагира и итно мора да се набават нови амбулантни возила, за сите градови.

Животот и здравјето на граѓаните НЕ се политичка реторика, туку наша ДОЛЖНОСТ!

Изјава на Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close