0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Панел „Шанси, очекувања и предизвици за стопанството во 2020“

„Шанси, очекувања и предизвици за стопанството во 2020“ е темата на панелот што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на германското стопанство во државава. 

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) –  „Шанси, очекувања и предизвици за стопанството во 2020“ е темата на панелот што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на германското стопанство во државава.

На панелот ќе се дискутира на теми поврзани со финансии, инвестиции, царини, поддршка на нови инвестиции. Ќе се говори и на темата Brain- Drain, како и за проекти поврзани со енергетиката и енергетската ефикасности. Целта е водење отворена дискусија во која ќе се разгледуваат предлозите, идеите, како и проблемите со кои се соочуваат странските и домашните компании во земјата,  информира организаторот.

Меѓу говорниците на панелот ги најавува поранешниот премиер Зоран Заев, директорот на Делегацијата на германското стопанство во држвава Патрик Мартенс, како и претседателите на комисиите за енергетика и за финансии во СДСМ Митко Андреевски и Фатмир Бетиќи. лв/дма/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close