0_Македонија.ПорталОпштество

Панел-дискусија за претпристапните преговори за членство во ЕУ

Европското движење во Република Северна Македонија (ЕДМК) во партнерство со Општина Куманово, како и граѓанските здруженија АЛДА - Скопје и ЗФР – Велес, организираат панел-дискусија, која ќе биде посветена на претпристапните преговори за членство во Европската Унија.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Европското движење во Република Северна Македонија во партнерство со Општина Куманово, како и граѓанските здруженија АЛДА – Скопје и ЗФР – Велес, организираат панел-дискусија, која ќе биде посветена на претпристапните преговори за членство во Европската Унија.

Целта на панел-дискусијата е приближување на претпристапниот процес до поширок круг граѓани на општината Куманово и Североисточниот плански регион, со посебен акцент на споделување на искуствата од истражувањата на граѓанските организации со искуствата на другите релевантни чинители во однос на виталните прашања на урбаните сегменти на регионот, но и на прашања што би го забрзале развојот на руралните средини. сст/бак/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close