0_Спорт.ПорталФудбал

Пандев со гол ја започна сезоната во Серија А

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постигна гол во денешната победа на неговиот клуб Џенова против Кротоне со 4:1. Ова беше дуел од 1. коло во новото првенство на италијанската Серија А.

Џенова, 20 септември 2020 (МИА) – Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постигна гол во денешната победа на неговиот клуб Џенова против Кротоне со 4:1. Ова беше дуел од 1. коло во новото првенство на италијанската Серија А.

Пандев погоди во 9. минута по одличен контра напад. Македонецот играта ја напушти во 68. минута, а во 44-та доби жолт картон.

Џенова која минатата сезона едвај избори опстанок, според денешното издание, ја очекуваат подобри резултати оваа сезона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close