0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Пандев по двата гола против Наполи не е сигурен во плановите за пензија

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев кој синоќа со два гола беше творец во победата (2:1) на Џенова над Наполи, рече дека не е знае дали ќа ја заврши кариерата по Европското првенство и покрај најавите за такво нешто, пишува „Фудбал Италија“.

Џенова, 7 февруари 2021 (МИА) – Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев кој синоќа со два гола беше творец во победата (2:1) на Џенова над Наполи, рече дека не е знае дали ќа ја заврши кариерата по Европското првенство и покрај најавите за такво нешто, пишува „Фудбал Италија“.

– Многу се трудев да закрепнам од последната повреда, но сепак уживам и се чувствувам добро. Моите мисли се да се повлечам по ЕП ова лето, но засега не знаеме ништо со сигурност, изјави за италијанските медиуми 37-годишниот Пандев.

Пандев кој постигна два гола против својот поранешен клуб Наполи, не славеше за погодоците.

– Поминав три прекрасни години во Неапол. Тие се одличен тим, но имаа многу повреди и позитивни на коронавирус. Уверен сум дека тие ќе се вратат во колосек оваа сезона.

За Џенова, Пандев вели дека се препородени со доаѓањето на тренерот Давиде Балардини. Тимот под негово водство има освоено 17 бода од осум натпревари во Серија А.

– Овие се три бода се многу важни. Сè уште не сме безбедни. Тренерот донесе чувство на смиреност во тимот, не направи свесни за нашите можности. Очигледно, сè станува полесно кога ќе почнете да добивате постигнувате резултати. Овој состав има квалитет и тренерот го извлекува најдоброто од нас, додаде Пандев.

Џенова по 21 коло има 24 бода и се наоѓа на 11. место во поредокот на Серија А. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close