0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталФудбал

Пандев: Не издржавме, но таков е фудбалот. Против Украина одиме на сè или ништо

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, даде свое видување за денешниот дуел со Австрија кој заврши со победа на противникот со 3:1.

Букурешт, 13 јули 2021 (МИА) – Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, даде свое видување за денешниот дуел со Австрија кој заврши со победа на противникот со 3:1.

– Одигравме добри осумдесетина минути. Знаевме дека во второто полувреме Австрија ќе притисне. Тие се физички многу помоќни од нас. Имаат добра клупа. Ние имавме некои контри што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот. Примивме несреќен втор гол и мислам дека тогаш натпреварот беше решен, изјави Пандев.

Тој очекува исто така тежок натпревар во второто коло против Украина.

– Сега треба добро да се подготвиме за Украина. Овој натпревар за нас ќе биде одлучувачки. Треба да играме напаѓачки, на сè или ништо, додаде македонскиот капитен

Пандев им се заблагодари на навивачите кои допатуваа во Букурешт и во текот на целиот натпревар даваа голема поддршка „црвено-жолтите“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close