0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Спорт.ПорталФудбал

Пандев: Ми беше чест и гордост изминатите 20 години да го носам македонскиот дрес

Горан Пандев вечерва се прости од македонската репрезентација. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси.

Амстердам, 21 јуни 2021 (МИА) – Горан Пандев вечерва се прости од македонската репрезентација. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси.

– Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес изминатите 20 години. Изборивме пласман на Европското првенство и вечно ќе се сеќавам на овој успех со репрезентацијата. Срцето ми е полно. Нема поубаво чувство да играш на големо натпреварување во светиот дрес. Одлуката за крај со репрезентативните настапи е конечна. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Чувствувам дека играњето на два фронта за мене на 38 години е невозможно. Во иднина ќе навивам за овие момци и убеден сум дека имаат квалитет да се пласираат на светското првенство, изјави Пандев.

Најдобриот играч во историјата на македонскиот фудбал забележа 122 настапи и 38 голови во дресот со македонскиот грб. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close