0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Пандев и донесе победа на Џенова против Каљари, Наполи изненаден од Лече

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го постигна единствениот гол за Џенова на денешниот дуел со Каљари. Македонецот погоди во 43. минута со удар од 20-ина метри, момент што на крајот се покажа решавачки.

Џенова, 9 февруари 2020 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го постигна единствениот гол за Џенова на денешниот дуел со Каљари. Македонецот погоди во 43. минута со удар од 20-ина метри, момент што на крајот се покажа решавачки.

За Пандев ова беше шести гол оваа сезона, во која Џенова се бори за опстанок во елитата.

Во прилог на Џенова не оди победата на конкурентот за опстанок Лече кој ги освои бодовите на гостувањето кај Наполи. Во долниот дел на табелата СПАЛ е последен со 15, Бреша има 16, Џенова 19, Лече 22. зс

Резултати на попладневните средби од 23.коло во Серија А:
СПАЛ – Сасуоло 1:2
Бреша – Удинезе 1:1
Џенова – Каљари 1:0
Наполи – Лече 2:3.

Води Јувентус со 54 бода, пред Интер кој има 51 и Лацио 50. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close