0_Спорт.ПорталФудбал

Пандев го постигна петтиот гол оваа сезона, но неговата Џенова повторно загуби

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Тој вечерва го постигна единствениот гол за Џенова во поразот од Рома.

Џенова, 19 јануари 2020 (МИА) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Тој вечерва го постигна единствениот гол за Џенова во поразот од Рома.

За Пандев ова беше петти гол сезонава и е еден од најефикасните играчи на Џенова на која и претстои тешка борба за опстанок во Серија А.

Освен на Рома, Пандев гол им даде и на Сасуоло, Лече, Удинезе и Бреша. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close