Дописници МКДОпштински вести

Пандемијата со Ковид-19 влијае и на откупот на преспанското јаболко

Меѓу 5.000 и 10.000 тони преспанско јаболко од минатогодишната реколта стои неоткупено во магацините на производителите. Причина за тоа, според првиот човек на Здружението на јабокопроизводители Љубе Пампулевски, е пандемијата од Ковид – 19, која направи застој во пласманот на светските пазари.

Ресен, 16 април 2021 (МИА) – Меѓу 5.000 и 10.000 тони преспанско јаболко од минатогодишната реколта стои неоткупено во магацините на производителите. Причина за тоа, според првиот човек на Здружението на јабокопроизводители Љубе Пампулевски, е пандемијата од Ковид – 19, која направи застој во пласманот на светските пазари.

-Во обичните магацини на овоштарите има меѓу пет и 10.000 тони складирано јаболко, кое и покрај побарувачката, поради коронавирусот и тргни застани на меѓународните пазари останува неоткупено, вели Пампулевски.

Најголем дел од складираните јаболка, или, како што процени претседателот на Здружението, до 70 отсто се оштетени и скапани, секојдневно калираат, а цената им паѓа.

-Се случува негде да има 60 до 70 проценти од складираната количина во домашните магацини да е оштетена. И покрај побарувачката од странските пазари цената опаѓа и во моментот се движи од осум до 10 денари. Пред само еден месец јаболката се откупуваа по 14-15 денари, па падна на 10 до 12, за сега да е под 10 денари, изјави Пампулевски за МИА.

За разлика од домашните складишта на преспанските овоштари, јаболката сместени во ладилници имаат одличен квалитет и ќе се чуваат некаде до јуни кога се очекува и повисока продажна цена. сс/ир

Back to top button
Close
Close