БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Палмер: Договорот во Вашингтон е и за политичка нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска во Сараево изјави дека договорот меѓу Белград и Приштина постигнат во Белата куќа има за цел поддршка на нормализирање на економските односи, а со тоа и на политичките односи.

Сараево, 9 септември 2020 (МИА) – Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска во Сараево изјави дека договорот меѓу Белград и Приштина постигнат во Белата куќа има за цел поддршка на нормализирање на економските односи, а со тоа и на политичките односи.

– Економската нормализација треба да овозможи и политичко нормализирање на односите. Бев во Брисел пред неколку дена и разговарав со (Мирослав) Лајчак, (Александар) Вучиќ и (Авдулах) Хоти. Реков дека САД го поддржуваат процесот предводен од ЕУ и јас воопшто нема да ја вклучам Босна и Херцеговина во тие процеси, истакна дипломатот.

– Она што се случува со Република Српска е внатрешно прашање на БиХ, а тоа е и гледиште на Вучиќ, рече Палмер, пренесе сараевски „Дневни аваз“.

На прашањето за изјавите на Милорад Додик за тКосово и статусот на РС, тој посочи дека за САД, „не постои релевантно споредување меѓу Косово и Република Српска“.

– Косово е земја и со нив имаме дипломатски односи. Што се однесува до РС, рамката за политичката иднина беше воспоставена со Дејтонскиот мировен договор, а тоа е иднината на БиХ, која е независна и има свој територијален интегритет. Таа иднина е најдобра за луѓето во РС, но исто така и за сите во БиХ. Многу би сакале да видиме договор меѓу Белград и Приштина, кој ќе го отвори патот кон ЕУ“, рече Палмер. ссм/

Back to top button
Close
Close