БалканБалкан.Портал

Палма: Обидот за влез во српското Собрание е терористички чин

Претседателот на Обединета Србија, Драган Марковиќ Палма вечерва го осуди насилството пред српскиот Парламент и обидот за влез во Парламентот го нарече терористички чин.

Белград, 7 јули 2020 (МИА) – Претседателот на Обединета Србија, Драган Марковиќ Палма вечерва го осуди насилството пред српскиот Парламент и обидот за влез во Парламентот го нарече терористички чин.

– На изборите на 21 јуни, граѓаните одлучија кој треба да влезе во Собранието. Ова насилство пред Собранието го организираа неуспешни политичари, кои не се во состојба да постигнат никаков резултат на изборите, па затоа се обидуваат да дојдат на власт со насилство, рече Марковиќ.

Тој оцени дека настаните пред Парламентот се „терористички чин“ и оти лидерите на таквиот „терористички чин“ мора веднаш да бидат уапсени. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close