Svet.SlajderСветСвет.Портал

Палестинска управа: Бахреин им заби нож в грб на палестинската кауза и народ

Палестински официјални лица ноќеска експресно го осудија договорот за нормализирање на дипломатските односи меѓу Израел и Бахреин, изјавувајќи дека арапската држава уште еднаш им „забила нож в грб“.

Рамала, 12 септември 2020 (МИА)- Палестински официјални лица ноќеска експресно го осудија договорот за нормализирање на дипломатските односи меѓу Израел и Бахреин, изјавувајќи дека арапската држава уште еднаш им „забила нож в грб“.

Палестина го повика на консулатции својот амбасадор во Манама, соопшти палестинското Министерство за надворешни работи по објавувањето на договорот.

-Договорот е нож в грб на палестинската кауза и палестинскиот народ, изјави министерот за социјални работи на Палестинската управа, Ахмад Маждалани, пренесе „Ал Џезира“.

Палестинската ослободителна организација (ПЛО), чие седиште е во Рамалах, а која се бори за независна палестинска држава, договорот меѓу Бахреин и Израел го нарече уште еден предавнички удар врз „палестинската кауза“.

Васел Абу Јусеф, висок функционер во ПЛО, рече дека Бахреин со одлуката ги прекршил сите арапски резолуции. Тој, исто така, го осуди договорот и го оцени како „предавство на палестинската кауза“.

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека одлуката на Бахреин за нормализирање на односите со Израел и нанесува голема штета на „палестинската кауза“ и ја поддржува окупацијата.

Бахреин вчера стана втората земја во Заливот што постигна договор за дипломатски односи со Израел, откако ОАЕ неодамна го стори истото, како дел од пошироката дипломатска кампања на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава на Блискиот исток.

Трамп го објави договорот по телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кралот на Бахреин Хамад бин Иса Ил Калифа.

Тројцата лидери издадоа и кратка заедничка изјава со која го потврдија договорот. сд/

Back to top button
Close
Close