0_Спорт.ПорталSvet.SlajderОстанато

Палењето на олимпискиот оган во древна Олимпија ќе се изведе неделава без публика

Церемонијата на палење на олимпискиот оган во Грција за Летните олимписки игри во Токио ќе се оддржи неделава во древна Олимпија без публика, согласно одлуката на организаторите заради ширењето на новиот коронавирус, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Грчкиот олимписки комитет.

Олимпискиот оган ќе биде запален во древна Олимпија на 12 март со поскромна церемонија, по што ќе следи седумдневно штафетно предавање на огнот и церемонија на конечно предавање на огнот на 19 март, пренесеа агенциите. сд/

Back to top button
Close
Close