Дописници МКДОпштински вести

Пакетчиња за Стара Нова Година за децата со посебни потреби во Крушево

По повод Стара Нова година, односно православна Нова година, крушевскиот градоначалник Томе Христоски денеска им подари пакетчиња на децата и младите од Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби.

Крушево, 13 јануари 2020 (МИА) – По повод Стара Нова година, односно православна Нова година, крушевскиот градоначалник Томе Христоски денеска им подари пакетчиња на децата и младите од Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби.

Според Христоски, ова е порака за среќна, успешна и подобра година за децата со посебни потреби и поддршка на згрижувачките семејства која ќе ја имаат секогаш од општината Крушево.

-Како за Нова година, традиционално, така и за Стара Нова година, им подаруваме пакетчиња на децата и на младите од згрижувачките семејства. Како локална самоуправа ние ќе продолжиме да соработуваме со Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби, да ги одбележуваме добрите работи кои се случуваат и ја нудиме нашата поддршка за згрижувачките семејства, вели Христоски.

Пакетчињата се обезбедени во соработка со општествено-одговорната компанија „Витаминка“. ем/ир

Таг
Back to top button
Close
Close