БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Пад од 5,9 проценти на индустриското производство во декември лани

Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12,1 отсто.

Според главните индустриски групи, пак, индустриското производство бележи пораст кај Капитални производи за 2 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 17,3, Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1, Трајни производи за широка потрошувачка за 16,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8  отсто. вј/лв/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close