БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Мал пад на приходите на „Маѓар Телеком“

Вкупните приходи на „Маѓар Телеком“ во првите шест месеци од годинава се намалени на годишно ниво за еден отсто на 316,5 милијарди форинти, додека само во вториот овогодишен квартал регистриан е пад на  приходите од 2,2 проценти на 157,2 милијарди форинти, соопшти компанијата, посочувајќи дека благодарение на позитивното девизно влијание од зајакнувањето на денарот во однос на форинтата бил компензиран падот на приходите од системска интеграција и ИТ во Унгарија.

Будимпешта, 6 август 2020 (МИА) – Вкупните приходи на „Маѓар Телеком“ во првите шест месеци од годинава се намалени на годишно ниво за еден отсто на 316,5 милијарди форинти, додека само во вториот овогодишен квартал регистриан е пад на  приходите од 2,2 проценти на 157,2 милијарди форинти, соопшти компанијата, посочувајќи дека благодарение на позитивното девизно влијание од зајакнувањето на денарот во однос на форинтата бил компензиран падот на приходите од системска интеграција и ИТ во Унгарија.

Приходите на компанијата од мобилната телефонија во периодот јануари-јуни 2020 се повисоки за 2,6 проценти во однос на истите шест месеци лани, достигнувајќи 174,1 милијарди форинти, додека само во вториот квартал од годинава тие се повисоки на годишно ниво за 1,3 отсто и изнеуваале 86,0 милијарди форинти.

Приходите, пак, од фиксната телефонија во првата половина од годината достигнаа 105,9 милијарди форинти, што претставува раст на годишно ниво од 0,6 проценти. Само во тримесечјето април-јуни 2020 година, приходите од фиксната телефонија пораснале за 0,8 проценти во однос на истиот лански квартал достигнувајќи 53,1 милијарди форинти.

Според „Маѓар Телеком“, повисоките приходи од широкопојасниот интернет и телевизиските малопродажни услуги овозможиле компензација на падот предизвикан од намалената продажба на опрема, големите попусти и пониските приходи поврзани со мрежата.

Во исто време, приходите од системска интеграција и ИТ се намалени за 18,2 проценти во првите шест месеци од годината, додека само во вториот овогодишен квартал тие бележат пад од 22 отсто на 18,1 милијарди форинти. Намалените приходи во овој сегмент се последица на пониската побарувачка во унгарскиот јавен и корпоративен сектор, како последица на пандемијата од Ковид-19.

Според официјалниот курс на Централната банка на Унгарија, едно евро чини 346,38 форинти.

Според извршниот директор на „Маѓар Телеком“, Тибор Рекаши ваквите деловни резултати се должат на предизвиците со кои се соочи компанијата во вториот квартал од годинава како последица на пандемијата на Ковид-19.

– Како и секоја друга компанија, „Маѓар Телеком“ се соочи со многу предизвици во вториот квартал, бидејќи пандемијата влијаеше на нашите операции на многу начини. Јас сум многу горд што во овие вонредни времиња живеевме според вредностите што ги претставуваме. Им помогнавме на нашите клиенти дигитално да контактираат и да соработуваат со помош на нашите стабилни услуги, редизајнирани трансакции и уникатни предлози. Сметам дека е извонредно достигнување што и покрај околностите, испорачавме стабилни финансиски резултати во вториот квартал, изјави Рекаши.

Тој најави дека компанијата решила забрзано да работи на развој на мрежата за зајакнување на широкопојасниот интернет и постепено да ја зголемува 5G покриеноста.

– Веруваме дека како резултат на нашите развојни напори, нашите клиенти ќе продолжат да ги користат нашите услуги за нивно задоволство, додаде Рекаши. сп/

Back to top button
Close
Close